Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Топлотен бран над Македонија: Важни препораки од властите

Центарот за управување со кризи потсетува дека од Институтот за Јавно здравје и алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11 и 12 јуни територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран е зафатена од висока температура од портокалова фаза. Владата усвои препораки од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акциски план на Министерството за превенција заради последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови. Притоа, за градовите што ќе бидат зафатени од портокалова фаза се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во градинките е препорачано да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11.00 до 17.00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран е предвидено да помагаат на осамени, стари, изнемоштени, а и на бездомни лица.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА, ПА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕН – Македонија ја очекува нова промена на времето, се најавува и силен ветер над 60 км/ч

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК