18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 1 881 повик на 112 во последното деноноќие, шест пожари на отворено, внимателност заради почеста појава на змии, а и при изолирани поројни врнежи проследени со громови и молњи

ентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 881 повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,39%, а 39,61% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,57%, кон Итната медицинска помош 29,75%, а кон пожарникарите 4,91%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 754 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,77%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Шест пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Сарај, кај с.Лака (горела дива депонија); Општина Карпош, во реон на средно Нерези (ѓубриште); Општина Кичево кај с.Колари (стрниште и ѓубриште); Општина Велес, близу с.Ногаевци (ниска вегетација); Општина Куманово; кај Градски гробишта покрај ул.„Перо Чичо“ (ниска веетација) и во Општина Струмица во полето кај с.Баница (гореле дива депонија, трска и ниска вегетација).

ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите. Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман.

Внимателно во природа попладне, најавени се локални изолирани поројни врнежи со громови и молњи. Препорачливо е при такви случаи да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.