Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на претседателот Африм Гаши со амбасадорката Вероник Хулман

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари прва средба по изборот на функцијата со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.

Претседателот Гаши изрази задоволство за политичките односи на двете земји, кои се карактеризираат со пријателство и разбирање, но и отворен дијалог.
Транспарентноста и пријателскиот однос со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација со Собранието на Република Северна Македонија со сигурност ќе продолжи во периодот што следи – истакна Гаши.

Посебен акцент претседателот Гаши стави на трудот на Швајцарската влада во соработка со Амбасадата на Швајцарија во РСМ, кои преку проекти продолжуваат и понатака да обезбедуваат поефикасно и потранспарентно функционирање на Собранието на Република Северна Македонија.

Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорката Улман изрази благодарност за остварената средба и очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено на остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.

Амбасадорката Улман изрази надеж дека одличната соработка на двете земји ќе продолжи и понатака, но и на повеќе нивоа. Уште еднаш силно даде поддршка за државава за евроинтеграцискиот процес, сметајќи дека на Република Северна Македонија, како и на другите земји на Балканот, местото им е во ЕУ.
Соговорниците беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти.

Можеби ќе ве интересира

Чудна БОЖИЌНА кражба во Скопје: Тинејџери украле книги од Државниот архив – полицијата ги пресретнала и уапсила на Партизанска

ДЕСК

Скандалозен инцидент на Бит Пазар, пријавител тврди дека бил пресретнат и нападнат

ДЕСК

Шокантно сведоштво од Скопје, таксист наводно им ги одзел парите и ги исфрлил од возилото

ДЕСК