16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовска: Потребно е да направиме етапно затворање на термоелектраните на јаглен

Климатските промени се реалност и она што ние можеме да го направиме во моментов е да преминеме кон производство на електрична енергија од обновливи извори, да го искористиме сонцето и да направиме етапен премин и постепено затворање на термоелектраните на јаглен, односно нивна пренамена во нови иновативни технологии, порача во интервју за Слободен Печат, Елена Николовска, програмски координатор за клима во „Еко свест”.

Според неа фосилните горива се најголем проблем и државата треба да се фокусира на обновливи извори на енергија со што ќе даде придонес во борбата против климатските промени.

„Видовме дека се направија некои чекори на тоа поле, се донесоа стратегии, се ловат инвестиции…зошто зборувам на тема електрани на јаглен? Затоа што знаеме дека фосилните горива се најголемата причина за влошување на климатските услови. Менувањето на климата е поради циклични промени во природата, но овие циклични промени се влошени поради процесите на согорување на фосилни горива и гасовите што одат во атмосферата од тие согорувања. И тоа реално се случува, имаме топлотни бранови и временски настани кои самите метеоролози не можат да ги предвидат. Тоа создава проблем и затоа ние мора да преминеме кон обновливи извори на енергија, најдоцна до 2050 година. До 2050 ние мора да имаме нула отсто емисии“ рече Николовска.