22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовска: Компаниите се свесни дека ако не преминат на почисти технологии, нивните производи нема да бидат конкурентни на европскиот пазар

Елена Николовска, програмски координатор за клима во „Еко свест” во интервју за Слободен печат истакна дека македонските компании се свесни за потребата од поеколошко и почисто производство и дека знаат дека токму тоа може да им биде предност или пречка за меѓународните пазари.

„Компаниите се многу посвесни за она што ќе следува во иднината и знаат дека ако не преминат кон нови технологии кои не загадуваат и кои не произведуваат емисија на стакленички гасови, тогаш производот што го извезуваат ќе биде многу поскап и неконкурентен на европскиот пазар. Значи или ќе преминат кон почисти технологии и технологии кои немаат стакленички гасови, или производот ќе им биде неконкурентен на странски пазар. Од тој аспект компаниите стануваат многу повеќе свесни и веќе имплементираат некои иновативни технологии“ рече таа.

Николовска смета дека покрај компаниите и државата треба да преземе одредени чекори.

„Она што државата треба да го направи е дополнително да ги стимулира компаниите и ете пак ќе се навратам на Законот за климатска акција, во кој има нешто што се нарекува надомест за јаглерод преку кој сите кои креираат емисии на јаглерод, дали се компании или физички лица, ќе плаќаат некаков надомест за тие емисии и тие пари треба да се слеваат во Фонд и во Буџетот на министерството за животна средина“ посочи Николовска.