Centar.mk
СВЕТ

Макрон го распушта собранието и бара вонредни парламентарни избори

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва соопшти дека го распушта Националното собрание и распишува предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.

„Одлучив преку гласање да ви го вратам изборот на нашата парламентарна иднина. Затоа, го распуштам Националното собрание“, рече тој во обраќањето до нацијата од Елисејската палата.

Ќе се гласа во два круга на 30 јуни и 7 јули, додаде тој.

Првите проекции на резултатите од гласањето за Европскиот парламент вечерва покажуваат дека екстремно десничарската партија Национален митинг на Марин Ле Пен добила најмногу гласови во Франција со 31,5 отсто.

На второ место, но далеку зад, е коалицијата предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, со 15,2 отсто од гласовите, а на трето место е Социјалистичката партија со 14 отсто.

Левичарската партија „Франција неосвоена“ предводена од Жан-Лук Меланшон, според излезните анкети, освоила 8,7 отсто, а републиканците 7,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +