Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Долги колони на граничниот премин „Богородица“

Долги колони на граничниот премин со Грција, покажуваат камерите преку состојбата се следи во живо.

Од видео надзорот во живо на Јавното претпријатие за државни патишта, може да се забележи дека од рано наутро има гужва на граничниот премин „Богородица“. Иако летната сезона е на самиот старт, се чини дека граѓаните веќе го користат топлото време и слободниот викенд за релаксација кај нашиот јужен сосед.

Според известувањето на АМСМ, заклучно со 8:30 часот, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Оттаму велат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК