13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Среќна вест: Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,081%

Од 7.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​ 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин​ ЕУРОСУПЕР БС – 98​​ 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ 73,00 (денари/литар)

Масло за горење​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​ 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС​​​​​​ 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.