Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Петровска: Во СДСМ ги препознавам вредностите кои јас лично ги споделувам и вредностите кои за мене се основата на едно функционирање

„Во СДСМ ги препознавам вредностите кои јас лично ги споделувам и вредностите кои за мене се основата на едно функционирање. Социјадемократијата е идеологија во којашто вредностите кои ги носи таа идеологија ги споделувам јас лично. Веројатно сме се препознале. Така што, можеби луѓето кои во тој период биле активни придонеле многу поблиску да ми се донесе социјалдемократијата. Позитивно се заразив со тоа и не се каам“, рече поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека во партијата е активна од нејзиното полнелство и дека со нетрпение очекувала да наполни 18 години за да се зачлени во партијата.

„Политиката ме примамила несвесно уште пред да наполнам 18 години. Барем тоа ми го кажуваа моите родители кои ми велеа дека отсекогаш знаеле дека ќе се занимавам со политика, веројатно поради интересот што сум го пројавувала. Чекав што е можно побрзо да наполнам 18 години за да се зачленам во Социјалемократскиот Сојуз на Македонија“ рече Петровска

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК