16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дујовски: Преговарачката рамка е јасна, прво да се внесат Бугарите во Уставот, па потоа преговори

Единствениот услов што денес стои пред нас и пред отворањето на преговорите е внесувањето на Бугарите во Уставот и уште утре ќе видиме дали имаат 80 пратеници за некои прашања, истакна деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во интервју за Слободен печат.

„Доколку идниот премиер предложи во Собранието да се промени Уставот, Уставот ќе биде променет со внесување на Бугарите во Уставот. Дали тоа ќе биде со клаузула што ќе биде прифатлива за ЕУ и за Бугарија, ќе видиме. Сегашната преговарачка рамка е јасна, Бугарите да се внесат во Уставот па потоа да почнат преговорите, до тогаш Македонија нема да напредува во европските интеграции и тоа го видовме. Каква ќе биде политиката на идната македонска влада останува да видиме но колку повеќе време губиме, толку повеќе губи општеството и толку повеќе заостануваме затоа што сите држави напредуваат а ние стоиме во место“ рече Дујовски.

Ако тоа не се промени, додаде тој, младите ќе продолжат се повеќе да се иселуваат што ќе донесе последици врз капацитетите на државата.