Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес ја погоди Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба.

Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих.

Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот најверојатно го почувствувале граѓаните низ целата земја, а тој можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ако Иран го нападне Катар, ќе го дигнеме во воздух најголемото гасно поле

C +

Ормускиот теснец е толку опасен што речиси никој не сака да испрати воени бродови таму

C +

Пентагон бара повеќе од 200 милијарди долари за финансирање на војната со Иран

C +