Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот е на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 лица. Според телевизијата NHK, локалните власти соопштија дека засега не е забележана материјална штета.

Афтершок со јачина од 4,8 степени се случи 10 минути по првиот земјотрес.

Јапонија често доживува земјотреси, а во обид да ги ограничи нивните последици, применува исклучително строги правила за градба.

Катастрофата во Фукушима во март 2011 година, по разорниот земјотрес и цунамито кои следеа и ја оштетија нуклеарната централа, се уште е длабоко запаметена кај населението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Катар предложи договор што би ја обновил светската пловидба

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО ПАРАГВАЈ – Претседателот сменет, приведен по банкарски скандал, нов лидер ја презеде власта

ДЕСК