Centar.mk
РЕГИОН

Ученик донел бомба во училиште во БиХ

Полициските службеници од Полициската администрација Приедор дејствувале по пријава на директорот на основното училиште „Петар Петровиќ Нјегош“ во близина на Приедор, дека од страна на просветен работник на тоа училиште била одземена рачна бомба од еден ученик.

Постапувајќи по пријавата, полицајците утврдиле дека се работи за бомбата „М75“ (т.н. црна бомба) без почетен дел за детонација, и како таква се смета за неупотреблива и не може да биде опасност.

За настанот бил информиран и Окружниот јавен обвинител на Приедор под чиј надзор ќе се преземаат понатамошни мерки и активности.

Информациите за споменатиот настан ќе бидат доставени до Центарот за социјална работа Приедор, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНА ЗА БОМБА НА ЛЕТОТ ЛОНДОН–СОФИЈА – Авионот пренасочен во Будимпешта

ДЕСК

СОМНЕЖИ ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ – Српското обвинителство наведува исплати од околу 51 евро

ДЕСК

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА – Поплави на Родос, затворени училишта и интервенции на спасувачите

ДЕСК