Centar.mk
СВЕТ

Се урна зграда во Истанбул, неколку лица заробени под урнатините

Неколку луѓе се затрупани под урнатините откако утрово се урна зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе.

На терен се пожарникарите, полицијата и здравствени работници, а засега не се познати причините за уривањето на објектот, пренесува „Хабертурк“.

Во тек е потрага по луѓе затрупани под урнатините на трикатната зграда.

Според порталот Ахабер, од урнатините досега е извлечено едно повредено лице./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +