Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа.

„Очекувам мандатарот да каже дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и за внатрешна и за надворешна употреба“ рече Мицотакис, додавајќи дека прашањето ќе го покрене и на Самитот на НАТО на 9-11 јули.

„Очекувам логиката да надвладее“, рече Мицотакис, пренесуваат грчките медиуми.

Тој порача до раководството во новата Влада, да не го доведува во опасност европскиот тек, кој Грција го има поддржано.

Мицотакис повтори дека Договорот има негативни работи и за Грција, но, како што рече, една од важните димензии е името кое не може во пракса да се оспори од никој.

По тоа прашање, Мицотакис рече дека Грција има поддршка од ЕУ и САД, а Скопје е изолирано./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК