22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град./Извор:Makfax