Centar.mk
СВЕТ

Пријателка на Сторми Даниелс: Ова е трогателно, сите не осудуваат поради минатото

Адвокатот на Сторми Даниелс, Кларк Брустер, рече дека неговата клиентка е „многу емотивна“ по пресудата за вина на поранешниот претседател Доналд Трамп по сите точки.

Во интервју за Си-ен-ен, тој изјави дека Даниелс била совладана од емоции и дека конечно сфатила дека се е готово и почувствувала олеснување.

Брустер одговори и на најавите на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој најави дека при пишувањето на жалбата ќе приговори на сведочењето на Даниелс. Тој рече дека имале можност вкрстено да ја испитаат додека сведочела.

Пријателката на Сторми Даниелс, Алана Еванс, пренесува Си-ен-ен, изјавила дека денес е радосен ден за нив и дека е добро да се чувствуваат како победници.

„Ние сме препознаени како веродостојни, и тоа е некако грешно затоа што многу луѓе нè оценуваат според она што сме – нашето минато – тоа е нешто што ни се фрла во лице цело време… тоа не е одраз на тоа кои сме како личност“, рече таа.

Еванс додаде дека таа е навистина среќна бидејќи сето тоа значи дека на крајот, ѕвезда од филмовите за возрасни е таа што зачекорила и станала личност која го соочила тој човек и целиот свет со вистината./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +