Centar.mk
СВЕТ

Едногодишно бебе паднало низ прозорец во Австрија: „Се обиде да се држи за саксија“

Едногодишно Ддтенце паднало од прозорец на станбена зграда во Отакринг, Австрија и се здобило со сериозни повреди на главата.

18-месечното бебе паднало од прозорец во четвртокот околу 20 часот додека родителите биле во другата соба, зафатени со другото бебе, јавуваат австриските медиуми.

„Се качи преку трпезариската маса на прозорецот од кујната и се лизна надолу“, раскажува сведок.

Како што објаснил, детето се обидело да се потпре на саксија што стоела на прозорецот.

Меѓутоа, бидејќи саксијата не била соодветно потпрена, се превртела и паднала, а момчето паднало по неа.

Малото момче се здобило со сериозни повреди на главата поради што е хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега.

Според првичните информации, неговиот живот не е во животна опасност.

Австриската полиција ги приведе родителите поради сомнение дека од небрежност му нанеле телесни повреди на нивниот син./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК