Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос.

Десетици и стотици пациенти се препраќаат по другите болници во Скопје затоа што Хирургија на Клинички не работи, а од пред 2 дена апаратите за компјутерска томографија и РТГ исто така не работат. Како да не беше доволен хаосот со операционите сали.

И додека Клинички колабира, најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег.

Знае ли министерот во заминување дека тој, СДС и ДУИ прават несогледлива штета за здравството?

Негрижата кон здравството кое оваа власт го манифестираше изминативе години сега се излеа целосно на површина. За ова одговорност мора да има.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК