Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Талевски: Уставот не смее да се прекршува, а вчера бевме сведоци на прекршување од новиот претседател на собранието

„Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик . Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е еод една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи. Во Уставот е така,“ посочи Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, во врска со давањето на заклетвата на новиот претседател на собранието на албански јазик.

Тој се осврна на тоа дека Џафери кога давал заклетва прво ја дал на македонски јазик, па потоа на албански јазик.

„Не смееме да дозволиме да се прекршува Уставот, а вчера видовме негово прекршување од страна на актуелниот претседател на собранието Гаши, уште на неговата инаугурација.

Тој порача дека и претседателот Гаши и пратеничката Мерита треба да се извинат и да се презвземат дејствија од соодветни институции.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК