Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пратениците треба да знаат дека се избрани за во Собрание да аргументираат, а не да се сликаат и да молчат: Богоев ги искара неговите сопартијци по вчерашниот молк

Критики на сметка на новите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз од дел од нивните сопартијци.

Молкот на вчерашната конститутивна собраниска седница предизвика реакции меѓу членовите на партијата.

Стефан Богоев од СДСМ, оценува дека пратениците треба да дискутираат во Собрание, а не да молчат.

„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат!
Особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се бира претседател на Собрание.
СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.
Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го превземат опозицискиот простор“, напиша на социјалните мрежи Богоев.

18 пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина, и покрај тоа што беа присутни, не учествуваа во гласањето за избор на претседател на Собранието./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

ДЕСК

Новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка објавени на ЕНЕР

ДЕСК

Стојаноски: Буџетот за 2027 година носи повисоки плати и пензии, нови инвестиции, подобар животен стандард и посилна економија

ДЕСК