24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади, кој ќе понуди поинакво искуство, голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет, кој покрај низа финансиски услуги и поволности, ќе претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување. 

 

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) ќе понуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash. Создаден е за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци, млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. 

 

„Младите знаат што сакаат и токму затоа ние го креиравме Halk EZ, пакет кој е прилагоден на нивниот стил и навики на живот. Идејата е Halk EZ да прерасне во платформа која ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно – забавни настани и активности, како и корисни општествено – одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје. 

 

Halk EZ има и посебна брендинг приказна чиј главен мотив е фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, како локација која со генерации претставува синоним за дружење и социјализација на младите. Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.