25.8 C
Скопје
23. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски адмирал предупредува: Националната безбедност на САД е загрозена

Националната безбедност на САД е загрозена од бранови руски и кинески граѓани кои се обидуваат да се инфилтрираат во воените бази, предупреди Дерил Кодл, адмирал на американската морнарица.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, шефот на командата на американската морнарица тврди дека обидите за инфилтрација се случуваат „два или три пати неделно“, само во поморските бази.

Минатата година кинеските граѓани направиле повеќе од сто обиди, а кога ќе бидат откриени, тие тврдат дека се невини туристи.

„Овие ситуации и обиди за упад во нашите воени бази од странски државјани стануваат се почести“, рече адмиралот Кодл и продолжи:

„Тоа се руски или кинески државјани, но има и други националности. Во повеќето случаи тие имаат пасоши и документи, но не постои начин да се добие овластување за влез во базата. Многу ни е тешко да ги утврдиме мотивите во сите туку случаите“.

Повеќето странски државјани кои се фатени добиваат мали казни и им се советува да не се враќаат, бидејќи нивните прекршоци не се сметаат за федерални злосторства, вели тој.

„Ова е нешто што го гледаме веројатно два или три пати неделно, каде што ги запираме овие луѓе на портата, а се работи само за морнарицата. Тие обично имаат слична приказна. Јас сум студент, јас сум ентузијаст, јас сакам да ги видам бродовите“, рече Кодл.

Загриженоста за намерите на Пекинг се зголеми во услови на зголемување од 8.000 отсто на бројот на кинески државјани за кои се знае дека ја преминале јужната граница во последните три години. Повеќе од 24.000 се пресретнати во тековната фискална година, објави Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом минатиот месец. Барањата за азил им се одобруваат на кинеските мигранти повеќе од која било друга националност.

Емили Хардинг, поранешен вработен во Комитетот за разузнавање на Сенатот, неодамна изјави дека кинеската шпионска операција е повеќе игра со бројки.

Амбасадата на Република Кина во Вашингтон ги отфрли овие наводи како „намерна измислица“.

„Апелираме до релевантните американски институции да го напуштат менталитетот на Студената војна, да престанат со неоснованите обвинувања и да направат повеќе за взаемната доверба меѓу двете земји и пријателството меѓу двата народа“, рече портпаролот Лиу Пенг Џу./Извор:Makfax