35.8 C
Скопје
21. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

На 24.05.2024 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле санкционирани вкупно 77 пречекорувања на брзината надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-37), од кои 5 возачи (ТЕ-2 и ГВ-3) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 26 (Те-13 и ГВ-13) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното. При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17).

На 24.05.2024 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 27 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-11 и ГВ-16). При контролата, исто така биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. За прекршоците изготвени се предвидените поднесоци.

СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да внимаваат кај престигнуваат и да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, затоа што престигнувањето и брзината и во текот на оваа година се најчеста причина за сообраќајни незгоди.