19.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанскиот премиер: Ова признавање не е против Израел, тоа не е во корист на Хамас

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се уште бомбардира болници и училишта и ги казнува жените и децата со глад.

„Постои опасност никогаш да не се постигне решение за две држави. Тоа не можеме да го дозволиме. Имаме обврска да дејствуваме – во Палестина како и во Украина, без двојни стандарди. Мораме да испратиме хуманитарна помош и да им помогнеме на бегалците, ние веќе го правиме тоа, но треба да се направи повеќе“, рече тој.

„Ова признавање не е против Израел, не е против Евреите. Тоа не е во корист на Хамас, како што тврдат некои. Ова признавање не е против никого, тоа служи за воспоставување мир“, додава Санчез.

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска најавија дека ќе ја признаат независната палестинска држава на 28 мај./Извор:Makfax