Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места, до 9 часот гласале 326 луѓе односно 7.22%

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.

Како што соопшти Државната изборна комисија, до 9 часот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач односно 10.17%.

Во ИМ1194 во Крушево, гласале 57 гласачи односно 12.15%.

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 22 гласачи односно 7.38%.

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 54 гласачи односно 7.59%.

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 22 гласачи односно 3.34%.

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 14 гласачи односно 2.22%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 56 гласачи односно 7.44%.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места, велат од ДИК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК