Centar.mk
СВЕТ

Маск подготвен да биде домаќин на изборната дебата на претседателските кандидати во САД

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска објави подготвеност да биде домаќин на изборната дебата на кандидатите за претседател на САД, која се очекува да се одржи меѓу сегашниот и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.

„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа X, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој ќе биде домаќин на дебатата.

Маск рече и дека смета оти во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.