Centar.mk
СВЕТ

СЗО повикува на забрана за храна со висока содржина сол

Светската здравствена организација ги повика земјите да воведат законски ограничувања за количината сол во преработената храна, рестораните и кантините како дел од серијата препораки за спречување на прекумерното внесување и намалување на стапката на срцеви заболувања.

Како што е наведено, речиси сите земји од европскиот регион, 51 од 53, имаат просечно дневно внесување сол над максималното препорачано, што е пет грама дневно.

Ова предизвикува сериозни здравствени проблеми бидејќи прекумерната потрошувачка на сол е една од водечките причини за висок крвен притисок или хипертензија, што е најголемиот ризик-фактор за кардиоваскуларни болести, според СЗО.

„Колку е поголемо намалувањето на внесувањето сол, толку е поголем падот на крвниот притисок: намалувањето на внесувањето сол може да ја намали смртноста од кардиоваскуларни болести и појавата на срцеви удари“, се вели во соопштението на канцеларијата на СЗО за Европа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 патници го напуштиле крузерот по првата смрт од хантавирус: властите трагаат по нив

C +

69 дена без интернет: Иранците отсечени од светот

C +

ЕУ воведува дигитални возачки и заеднички забрани: Ако ви ја одземат дозволата во една земја, нема да возите никаде во Унијата

C +