Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради

Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи „микојан миг-31“ и борбени авиони „сухој су-27“.

Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиона на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.

Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку „Телеграм“ изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е цел на Украинците во последните 48 часа.

Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментот не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп му нареди на Пентагон да ги објави сите документи за НЛО и вонземјани

C +

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

C +

Не е Шведска ниту Норвешка: ова е најдобрата земја во светот за живеење со семејство

C +