Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: Матурантите сметаат дека субвенции за матуранти и полуматуранти се добра идеја

По повод матурските прослави, но и по матурски испити и матурски концерти, екипата на „Внимание“ ги прашува матурантите – дали матурските прослави денес се потреба или луксуз?

Мислењата на матурантите се поделени, исто како и во однос на прашањето дали треба да се полага државна матура. Некои сметаат дека матурските прослави се луксуз, други потреба. Некои сметаат дека државната матура не треба да се полага („искрено ќе кажам „не“, бидејќи е голем стрес – вели една матурантка“), други дека е неопходна („реалноста е дека оценките се ставаат со врски, а не со знаење“ – како што вели друг матурант).

Испитаниците сметаат дека субвенции за матуранти и полуматуранти се добра идеја. Најтешко прашање за матурантите беше – Како вие би ги мотивирале другите матуранти да останат да студираат или да работат во Македонија? Неколку матуранти воопшто не беа ниту мотивирани, ниту пак мотиватори за студирање или работа во Македонија: „Би ги мотивирал да си одат, на пример, начинот на живот тука е многу подобар, ама парите што се прават во странство се неспоредливи“; „Да најдат работа тоа што им се свиѓа, да дадат се од себе да може да се опстане овде, да се работи со добра плата и овде“, велат матурантите.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

 

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК