Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок

Сите ги знаат придобивките од цвеклото, а сокот од овој корисен зеленчук е исклучително богат со железо, помага во формирањето на црвените крвни зрнца и го намалува високиот крвен притисок.

Ова го прави овој сок од зеленчук многу добар за срцевите пациенти. Ја зголемува и издржливоста за време на вежбање и зголемен физички напор. Во комбинација со јаболко и морков е добар за гихт и за дигестивниот систем.

Состојки: 1 јаболко, 1 цвекло, 3 листови цвекло, 4 моркови, 1 стебленце целер, 1/2 корен од ѓумбир.

Подготовка: Јаболкото, цвеклото и целерот исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во блендер. Додадете листови и рендан ѓумбир и блендирајте половина минута.

Можеби ќе ве интересира

Ослободете се од вишокот на килограми со балансиран напиток богат со витамини, протеини и диетални влакна

ДЕСК

Дали имате над 40 години? Овие намирници ќе ви го олеснат процесот на слабеење

C +

Како да уживате во овошјето, а сепак да внимавате на шеќерот

C +