11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈАвест

Ѓузелов: Преспанскиот договор донесе историско релаксирање на односите меѓу Македонија и Грција

Политикологот Борјан Ѓузелов во интервју за Слободен печат оцени дека иако Договорот од Преспа не довел до почеток на преговорите со ЕУ, сепак со него е направено историско релаксирање на односите меѓу Македонија и Грција.

Преспанскиот договор донесе историско релаксирање на односите меѓу народите во Македонија и Грција и сега со последните потези ние правиме контрауслуга и на Македонците кои се од таа страна на границата, дали нам навистина ни треба отворање на оваа пандорина кутија“ рече тој.

Со последните потези против овој Договор, смета Ѓузелов ние ризикуваме нови вета од Грција и други членки на ЕУ.

„Дали тоа нас ќе не направи погорди или можеби тврдоглави и таа тврдоглавост на чија штета ќе биде? ЕУ ќе продолжи без нас, Грција ќе продолжи без нас. Сето тоа повторно е на наша штета. И една друга работа, кога се зборува за речиси плебисцитарната поддршка за Сиљановска Давкова од 560.000 гласови, не сите од тие гласови се гласови на ВМРО-ДПМНЕ и не сите тие гласови на ВМРО-ДПМНЕ се радикално против Преспанскиот договор“ посочи Ѓузелов.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +
error: Соддржината е заштитена.