Centar.mk
СВЕТ

Тајванската армија забележала 45 кинески авиони околу островот

Тајванската армија забележала 45 кинески авиони околу островот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј.

Годинава, тоа е најголемиот број кинески авиони забележани во 24-часовен период околу Тајван, а за кој Пекинг тврди дека е дел од Кина.

Во текот на денот околу Тајван биле забележани шест кинески брода.

Од 45 авиони, 26 ја поминале „средишната линија на Тајванската Теснина“, се наведува во соопштението на Министерството.

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, за кој Пекинг тврди дека е „опасен сепаратист“, треба да ја преземе функцијата за неколку дена, на 20 мај./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

ДЕСК

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +