Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Уставен, Кацарска пријави евентуално загрозување на сигурноста

По поставените прашања од повеќе медиуми Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.

Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата.

Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава, велат од таму.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 21-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Се сомничи дека овозможил користење марихуана во Охрид

ДЕСК

ВЛЕГЛЕ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, 84-ГОДИШНА СКОПЈАНКА ОГРАБЕНА – Две лица со сила ѝ одзеле пари и накит

ДЕСК