Centar.mk
СВЕТ

Еве што извикал напаѓачот пред да го застрела Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска бил застрелан во стомакот и градите, пренесува словачкиот весник Правда.

Како што јавија дел од словачките медиуми, состојбата на повредениот премиер е сериозна, но неговиот живот е надвор од животна опасност и наскоро ќе биде опериран.

Тој, наводно, бил погоден со два до три куршуми, бидејќи напаѓачот испукал пет куршуми кон него.

Според извештајот, Фицо, според очевидци, им пришол на граѓаните, по владината седница во градот Хандлова, на околу 150 километри од Братислава, а напаѓачот, наводно, пред да отвори оган, му рекол: „Робо, дојди овде. ” .

Откако неговите телохранители брзо го одведоа од местото на атентатот, Фиц беше ставен во хеликоптер и пренесен во болница. Полицијата веднаш го совладала напаѓачот.

Можеби ќе ве интересира

Бахреин ги осуди иранските напади

C +

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

C +

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

C +