Возач на пикап е уапсен на Флорида откако удрил во автобус полн со работници, при што загинале осум лица. Повредени се 40 лица. Возачот на камионот бил во алкохолизирана состојба.
Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути наутро по локално време, во автобусот имало 53 лица, а се стравува дека ќе има уште загинати бидејќи дел од повредените се во критична состојба.
По судир на пикап и автобус, автобусот излетал од патот, удрил во ограда и се превртел. На местото на несреќата многу брзо пристигнале повеќе од 30 возила на брза помош.
Во болница се пренесени вкупно 40 лица, од кои осум се тешко повредени и се во критична состојба. Во болница е хоспитализиран и возачот на камионот.
Истрагата за несреќата продолжува, а започната е и GoFundMe кампања за помош на семејствата на загинатите и на повредените./Извор:Makfax