Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на средбите со амбасадорите: „Одлуките на ДИК за прегласување се обид да се украде изборната волја“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и на Холандија. Тој преку социјалните мрежи објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјата.

„Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, пишува Османи.

Како што додава, ја изразил и неопходноста од почитување на договорот на Охрид, Преспа и европската иднина на државата.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ најави дека ќе ги обжали донесените одлуки на Државната изборна комисија за приговорите во врска со изборните резултати од парламентарните избори што се однесуваат на Петтата и на Шестата изборна единица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК