21.8 C
Скопје
8. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авионот на Трамп удри во паркирано летало на аеродром на Флорида

Приватен „боинг 757“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во летало додека се движел на меѓународниот аеродром „Вест Палм Бич“ на Флорида во неделата, изјави во вторникот извор запознаен со инцидентот.

авионот на Трамп удрил во паркирано летало на аеродром во Јужна Флорида. Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) не е идентификувано дека авионот му припаѓа на Трамп.

Соработниците на Доналд Трамп сè уште не одговориле на прашањата за инцидентот.

Се претпоставува дека Трамп одржал митинг во Вилвуд, Њу Џерси, во саботата, а инцидентот се случил кога авионот слетал на аеродромот „Вест Палм Бич“ околу 1.20 часот во неделата.

Трамп го купи овој „боинг 757“ вреден 100 милиони долари во 2010 година. Станува збор за авион кој е приспособен на потребите на Трамп, а наводно внатре има позлатени детали. Авионот има две приватни соби за гости, три бањи, трпезарии и конференциски сали и широк систем за забава./Извор:Makfax