Centar.mk
РЕГИОН

Бебе најдено во контејнер во близина на Загреб

Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.

Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.

„Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тоа е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди“, велат од болницата.

Според првите информации, на местото на кое е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантира оваа информација.

Полицијата сѐ уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СМРТТА НА 32-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА – Вонреден надзор и барања за одговорност

ДЕСК

ВО 11 ЧАСОТ, НА 11-ТИОТ ДЕН ОД 11-ТИОТ МЕСЕЦ – Европа се сеќава на примирјето

ДЕСК

ПО ТРАГЕДИЈАТА НА „ТРАКИЈА“, БОРИСОВ БАРА ОСТАВКИ – Политички притисок во Бугарија

ДЕСК