Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и со другите меѓународни договори што ги има потпишано Северна Македонија. Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат, наведува во својот став бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Европската перспектива на Северна Македонија зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои таа е страна, како и од преговарачката рамка одобрена од Европскиот совет во јули 2022 година, која нема да се ревидира“, нагласува шефот на бугарската држава.

Реагира и премиерот Димитар Главчев.

„По повод церемонијата на инаугурацијата на новиот претседател на Република Северна Македонија, Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност и со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и во принцип со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија“, се наведува во реакцијата, пренесе „БНР.бг“.

Главчев додава и дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности.

Новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова вчера предизвика остра реакција и предупредувања од Грција и ЕУ кога при полагањето заклетва како шеф на државата изјави дека ќе го почитува Уставот и ќе ја брани независноста на Македонија користејќи го името што го имаше земјата пред договорот од Преспа со Грција во 2018 година, потсетуваат бугарските медуими./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење во Скопје – Уапсено лице осудено на 9 години затвор

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК