Претседателот на Владата, Талат Џафери на денешната прес-конференција кажа дека се обврзал пред граѓаните дека ќе овозможи слободно изразување на граѓанската волја на двојните избори и тоа заедно со Владата го исполниле.
„Спроведовме европски избори во слободни, фер процеси и во двата изборни круга. Избори кои ќе се спомнуваат како може да се сработи во интерес на граѓаните и државата. Придонесовме во европското поведение на земјата која се стреми да биде членка на ЕУ. Изразувам благодарност до институциите и граѓаните, беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби, државата да напредува според европските вредности. Вака на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Северна Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредок во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство до 2030. Шансата е пред државата и пред новата влада, исто така и одговорноста“, рече Џафери.
„Со чист образ, мирна совет и должна почит кон граѓаните можам да оценам дека тоа што најавив кога стапив на должност, пред 100 дена, го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер како прв премиер Албанец на Северна Македонија е уште еден придонес за демократијата“, додаде Џафери./Извор: Makfax