Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафах во други делови на Појасот Газа поради израелската закана од инвазија.
Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафах, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението на Газа.
Еден од раселените рече дека не знае каде да оди.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека американската закана дека нема да достави одредено оружје нема да го спречи Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа.
Во текот на оваа недела израелските сили започнаа ограничена операција при која го зазедоа граничниот премин Рафах од палестинска страна и го блокираа влезот на хуманитарна помош.
ОН објавија дека северот на Појасот Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.
Израел смета дека Рафах е последното упориште на борците на палестинското движење Хамас и дека армијата мора да влезе во тој град за да го уништи тоа движење и да ги врати заложниците кои беа киднапирани на 7 октомври./Извор: Makfax