Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Длабока почит за хероите!

ФБ СТАТУС НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ:

Денеска се навршуваат 9 години од „Диво насеље“ – црн ден за Куманово и за Македонија, кога терористичка групација изврши вооружен напад и го загрози уставниот поредок и безбедноста. Овој трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, дотолку повеќе што осуммина припадници на МВР извршија највисок чин на патриотизам – дадоа сѐ!

Се смени светот за нивните семејства, за другарите и колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување чии припадници беа.

Изразувам длабока почит за хероите! Нека спомен обележјето пред СВР Куманово вечно сведочи за љубовта кон татковината и многу потребниот соживот за подобра иднина на сите идни генерации.

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Нека им е вечна слава!🇲🇰

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК