Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.

„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и, пред сѐ, Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.

Како што додаде, во изборната кампања се разгорел говор на омраза, кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство./Извор: Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК