Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи

Времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во сабота ќе биде краткотрајно претежно стабилно, а потоа се очеку променливо време со послаба нестабилност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК