28.8 C
Скопје
24. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ВОНРЕДНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме низ Македонија – обилни дождови, грмежи, силен ветер и град!

Од утре до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје од утре во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.