Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Има повредени

Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК