Centar.mk
СВЕТ

Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се води на сите нивоа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека „војната во Русија се води на сите нивоа“, вклучително и блокадата на украинскиот извоз на жито, но и сајбер нападите, не само во Украина, туку и врз германската владејачка Социјалдемократска партија (СДП) и германските компании.

Тоа е неодговорен процес, настан за кој не можеме да молчиме, изјави Аналена Бербок при посетата на Фиџи, пренесува ДПА.

Неодамна беше објавено дека Русија извршила сајбер напади врз СДП и германски компании од секторите на одбраната, авијацијата и информатичката технологија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +

На Блискиот Исток има 50.000 американски војници, пишува „Њујорк тајмс“

C +