Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Македонија

На 04.05.2024 во 11.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице (42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Димитар Влахов“ во Битола привеле 31 годишна жена од Битола, бидејќи кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.05.2024 во 19.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници лишиле од слобода лице од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“, по барање на ОВР Гостивар. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Гостивар за понатамошна постапка.

На 04.05.2024 во 15.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници лишиле од слобода лице од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана косовска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК