Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

„Бројката која ја спомнавте е точна, значи околу 17-18 руски дипломати кои тука беа и постои една друга бројка помеѓу 10-15 кои се нашата стоп листа на нашите граници, и и да сакаат да дојдат не смеат да дојдат, зборам за руски државјани. Ако ме прашувате да го проценам руското влијание денес кај нас, ќи ви кажам дека не е на нивото на тоа кога го имавме референдумот за името, бидејќи тие се комплетно апсорбирани во контрирање на западните наративи за војната која илегално ја водат во Украина. Меѓутоа најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите, “рече претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во дуелот со неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова, на ТВ Телма.

Во однос на Лукоил, кој беше спомнат од страна на противкандидатката Силјановска, Пендаровски посочи дека Лукоил Македонија нема руски капитал и е чисто македонски капитал, и сите болници и училишта во земјава земаат не затоа што се руска фирма затоа што се македонск фирма 100%.
„Лукоил е чисто македонска компанија и не е на листите на санкции на Америка и ЕУ,“ посочи Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ – На граничните премини нема подолги задржувања, АМСМ со информации за денешниот сообраќај

ДЕСК

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК